Едноставна супа од брокула – минимум калории, максимум здравје.
Состојки:
- 1 главица кромид
- малку масло
- 1 морков
- 350 грама компири
- 2 помали брокули
- 1,5 л вода
- сол и бибер
Начин на подготовка:
- На малку масло продинстајте го кромидот. Додадете рендани моркови и компири исечкани на коцки. Потоа додадете ја измиената и исечкана брокула. Посолете, додадете бибер и налијте вода. Оставете да се готви околу 20 минути. Сè сомелете со миксер.
- Со оваа супа пропржете 2 кришки леб на маслиново масло, така што ќе ги исечете на коцки, посолете и додадете лук.
Добар апетит!
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот