Брза и мека погача без квасец.
Состојки:
- 400-450 гр брашно
- 1 лажичка сода бикарбона или прашок за пециво
- 3 лажици масло
- 200 мл јогурт
- 100 мл кисела вода
- сол
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете брашно, сол, сода или прашок за пециво, масло, јогурт и кисела вода, па добро измешајте и соединете ја смесата. Извадете го тестото на работната површина, а потоа расукајте го со сукало. Ставете го во плех или тепсија, па покријте го со крпа и оставете го тестото да одмори околу 20 минути. Потоа се става во рерна на 180 степени и се пече околу 40 минути.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот