Вкусна пита со сирење и спанаќ на нов начин.
Состојки:
- пакување тенки кори
- 2 јајца
- 150-200 гр сирење
- малку спанаќ
- 100 мл јогурт
- 1/2 прашок за печиво
- малку масло
Начин на подготовка:
- Издробете сирење, додајте јајца и прашок за печиво, потоа додајте 4 круга смрзнат спанаќ, кои малку сте ги одмрнзале. Ставете јогурт и изедначете.
- Спојте две кори, премачкајте со масло, додајте преку уште две и премачкајте со сирење и спанаќ. Свиткајте во тенка ролна и ставете во средина, па ставете во намастен плех. Истото повторете го и формирајте лавиринт како што е прикажано во видеото. Со остатокот од филот прелијте ги ролните. Печете на 200 степени околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот