Пробајте нов рецепт за посна пита…
Состојки:
- пакување со кори за пита
- 2 струка праз
- 300-400 гр шампињони
- 1 шолја ориз
- сол, бибер
- 1 шолја масло
- 1 шолја кисела вода
- 1 прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Испржете сечкан праз, додадете шампињони на листови, пропржете, додајте зготвен ориз, сол и бибер. Измешајте масло, павлака и прашок за пециво. Наредете ги корите. Филот оди на секоја трета кора и преливот со вода и масло на секоја кора. Пред печење се сече и се пече на 180 степени додека не порумени.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи