Необичен рецепт за најпопуларниот прилог.
Состојки:
- 5 компири
- 100 мл кока кола
- 1 лажичка рузмарин
- масло
- коцка путер
- 4 чешниња лук
- сол, бибер
- 1 црвена пиперка
- 1 зелена пиперка
Начин на подготовка:
- Во тавче ставете сецкани и исчистени компири, посолете, додадете рузмарин и налијте вода. Гответе на средна температура околу 10 мин. Потоа исцедете ги компирите и исечкајте ги пиперките, како и лукот.
- Во тава загрејте масло и путер. Пропржете го лукот, па извадете го и додадете ги компирите. Додадете сол, бибер и кока кола. Крчкајте. Покријте и динстајте 5 минути или додека не испари целата течност, а потоа послужете со пржениот лук.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи