За помалку од половина час направете вкусно предјадење.
Состојки:
- 180 гр фета сирење
- 180 гр крем сирење
- 1 конзерва маслинки
- 1 китка копар
- 50 гр сусам
- 1-2 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Издробеното фета сирење измешајте го со крем сирењето и мелениот лук. Зачинете со сол и бибер, па земете малку од смесата, ставете една маслинка и обликувајте топчиња. Извалкајте ги во сечкан копар или пропржен сусам.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи