Рецепт за свечена салата која едноставно се прави, а изгледа декоративно.
Состојки:
- 300 гр варено бело месо
- 3 варени јајца
- 100 гр кашкавал
- 2 чешниња лук
- 150 гр мајонез
- 100 гр суви сливи
- 150 гр ореви
Начин на подготовка:
- Вареното пилешко месо исечкајте го на коцки и ставете го на дното на сад за сервирање. Одозгора ставете рендан кашкавал, малку мајонез и сечкани суви сливи. Повторно мајонез, рендана жолчка, сечкани ореви, повторно мајонез и на крај рендана белка. Декорирајте по желба. Уште повкусно е ако користите домашен мајонез.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи