Како се спрема леќа: Посно јадење кое сите го споредуваат со грав, а побрзо се готви и е поздраво.
Состојки:
- половина кг леќа
- 1 кромид
- 1 морков
- сол, бибер, чили, лук, магдонос, куркума, слатка пиперка
- 250 мл сок од домати
Начин на подготовка:
- Потопете ја леќата во вода околу час-два. После тоа, исплакнете и исцедете. Во тенџере пропржете ги морковот и кромидот. Додадете леќа, сок од домати и динстајте малку. Потоа налијте вода, зачинете и крчкајте додека леќата не омекне.
Добар апетит!
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи