Подгответе вкусна посна пица…
Состојки:
- 200 гр пченка
- малку кромид
- конзерва туна
- посен кашкавал
- маслинки
- сол и бибер
- две подлоги за пица
- кечап
Начин на подготовка:
- Основата за пица премачкајте ја со кечап, па додадете пченка (може и замрзната), парчиња туна, крупно исечкан кромид, сол, па изрендајте кашкавал и одозгора ставете маслинки. Се пече во рерна на 200 степени.
Добар апетит!