Подгответе вкусна риба за посната трпеза…
Состојки:
- 4 риби (скуша, ослич, харинга – изберете сами)
- малку масло
- малку лимон
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исчистете ја рибата, посолете, додајте бибер и маслиново масло и ставете ја во огноотпорен сад. На неа исечете лимон, прекријте со алуминиумска фолија и ставете во рерна загреана на 250 степени. Печете половина час, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.
- Заедно со рибата можете да послужите и варен компир, или карфиол и брокула.