Посни ванилици – омилените колачи од детството…
Состојки:
- 200 гр посен маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 2 лажици посна слатка павлака
- 8 гр ванилин шеќер
- 450 гр брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
- џем
Начин на подготовка:
- Измешајте маргарин на собна температура со шеќер во прав, посна слатка павлака и ванилин шеќер. Се матат, па се додаваат просеаното брашно и прашокот за пециво. Замесете тесто. Развлечете го тестото на набрашнета површина, а потоа со чаша за ракија извадете форми. Се редат на плех обложен со хартија за печење.
- Се печат на 180°C околу 20 минути. Спојте ги колачињата со џем, па посипете со шеќер во прав.