Најдобриот рецепт за зелка салата.
Состојки:
- 400 гр зелка
- копар
- магдонос
- 4-5 лажици маслиново масло
- 1 чешне лук
- 1 лажица оцет
- 1 лажичка мед
Начин на подготовка:
- Исечете ја или изрендајте ја зелката, па посолете и побиберете и измешајте. Во блендер исечкајте ги магдоносот, копарот, лукот, медот, маслиновото масло и оцетот. Треба да добиете глатка смеса. Прелијте ја зелката и убаво измешајте.