Вкусен ручек за посните денови…
Состојки:
- 200 гр пченка
- 200 гр ориз
- 200 гр грашок
- 1 кромид
- 2 моркови
- сусам по желба
- масло
- сол
- бибер
- магдонос
Начин на подготовка:
- Во длабоко тенџере издинстајте ги кромидот и морковот кои сте ги изрендале, а потоа додадете го остатокот од зеленчукот. Посолете и малку побиберете, па налејте вода (околу 1,5 л) и оставете зеленчукот да се свари.
- Оризот добро измијте го и додадете го во речиси сварениот зеленчук. Оставете се да врие 5 минути, а потоа покријте го тенџерето и тргнете го од оган. Додадете печен сусам.
Добар апетит!