За време на пост не мора да се откажете од омилената храна, а еве како да направите посни прженици.
Состојки:
- 50 гр брашно
- 5-6 лажици сенф
- околу 60 мл вода
- леб
Начин на подготовка:
- Се мешаат сенфот и брашното, па постепено се додава вода. Додавајте вода додека не добиете смеса која не е густа. Во добиената смеса извалкајте го лебот, па пропржете го на добро загреано масло.
Добар апетит!