Подгответе вкусна посна крем чорба од домати.
Состојки:
- 500 мл течен домат
- 300 мл вода
- 2 моркови
- 1 главица кромид
- 2 компири
- сол
- бибер
- малку магдонос
Начин на подготовка:
- Кромидот, морковот и компирот сварете ги во малку вода, а потоа сè сомелете со миксер и додајте течни домати. Оставете се да врие 15 минути, посолете и побиберете и додајте сув магдонос. Топлата чорба послужете ја со коцки сув леб.
Добар апетит!