Печен компир со лук и магдонос: Совршен прилог готов за миг

Печен компир со лук и магдонос: Совршен прилог готов за миг

Печен компир со лук и магдонос.

Состојки:

  • 5 компири
  • половина лажичка сол
  • бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 главици лук
  • 2 лажици путер
  • 3 лажици магдонос

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги компирите и исечете ги на парчиња. Измешајте со сол, бибер и маслиново масло. Префрлете ги во плех, а потоа додајте ги главиците лук завиткани во хартија за печење па во алуминиумска фолија со отсечен врв и посипете со маслиново масло.

     

  2. Печете на 180°C 25 минути. Истиснете го печениот лук, а потоа измешајте го со растопениот путер и магдоносот. Со подготвената смеса прелијте ги компирите.

 

singlepost_text