Ајле – стар турски десерт

Ајле – стар турски десерт

Мек и сочен турски десерт по оригинален рецепт.

Состојки:

  • 3 јајца
  • половина шолја шеќер
  • кисело млеко 180мл
  • масло 50 мл
  • брашно 1 чаша (наместо брашно може гриз)
  • прашок за пециво 12гр
  • какао 1 лажица
  • кори за пита (10 парчиња)
  • путер за подмачкување

Состојки за сируп:

  • шеќер 2 шолји
  • вода 2 шолји
  • сок од еден лимон

Начин на подготовка:

  1. Корите за пита наредете ги во тепсија како хармоника. Направете го филот од јајца, шеќер, кисело млеко, масло, брашно и прашок за пециво и какао. 
  2. Згответе ја агдата и оставете да се излади. 
  3. Печете ги корите во рерна 10 минути на 200 степени целзиусови. Потоа, ставете го филот врз печените кори. Печете го колачот на 180 степени Целзиусови околу 30 минути. 
  4. Топлиот колач прелијте го со ладниот шербет. Оставете го колачот да го впие шербетот, а потоа ставете го во фрижидер. Послужете со домашно кафе.

singlepost_text