Овој рецепт треба да го пробате!
Состојки:
- 12 лажици проино пченкарно брашно
- 4 лажици бело пченично брашно
- 3 јајца
- 1 чаша (2дл) јогурт
- 1 чаша (2дл) кисела вода
- 250 грама бело сирење
- 1 дл масло
- 1 кесичка прашок за пециво
Начин на подготовка:
- Сите наведени состојки измешајте ги во поголем сад, но не го сецкајте премногу сирењето, подобро е кога ќе останат поголеми парчиња.
- Намачкајте плех (или калапи за проја и мафини) со растопен маргарин и ставете го тестото.
- Печете 30 минути во загреана рерна, прво 10 минути на 200 степени, а потоа уште 20 минути на 180 степени.
Добар апетит!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините