Совршен ручек за мали пари! Ќофте во доматен сос во комбинација со пире.
Состојки:
- 300 гр мелено месо
- 1 мал кромид, ситно сецкан
- 3 чешниња мелен лук
- мелен црвен пипер
- 1 јајце
- малку сув зачин
- мелен бибер
- 300 мл варени домати
- 1 лажица брашно
- сол
- 1 лажичка шеќер
Начин на подготовка:
- Во меленото месо додадете кромид и лук, зачини, бибер, мелен црвен пипер, јајце и сè изедначете рамномерно. Формирајте ќофтиња и пржете во масло.
- Во посебно масло ставете го брашното, па пржете додека не порумени, додадете малку црвен пипер и доматите.
- Налијте доволно вода за да добиете поредок сос. Посолете, додадете шеќер по желба и ставете ги ќофтињата. Гответе две до три минути.
- Сервирајте со пире од компири.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините