Кремаста паста во сос од спанаќ

Кремаста паста во сос од спанаќ

Кремаста паста во сос од спанаќ…

Состојки:

  • 400 грама спанаќ (замрзнат – најлесно)
  • 400 грама тестенини (шпагети, макарони – било што)
  • 200 грама сирење (можете да го користите и ситното сирење за пита)
  • 150 мл млеко
  • сол и црн пипер
  • 2 чешниња лук
  • коцка путер

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги тестенините и оставете ги на страна. Во длабока тава пропржете го спанаќот со малку путер. Во него додадете зачини и лук. Се динста, па се додава сирењето и се остава малку да се крчка. Додадете млеко и тестенини. Промешајте и оставете да врие неколку минути. Послужете топло!

Добар апетит!

singlepost_text