Компир пире со пармезан

Компир пире со пармезан

Вкусно компир пире со пармезан.

Состојки:

  • килограм компири
  • 50 гр путер
  • половина чаша пармезан сирење
  • половина чаша млеко
  • лажица кисела павлака
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Компирите убаво измијте ги (не лупете ги), па варете ги во солена зовриена вода додека не омекнат.

     

  2. Потоа исцедете ги, изладете ги, излупете ги и ставете ги во сад.

     

  3. Додадете омекнат путер, млеко, павлака и малку сол, па кратко измешајте. Потоа измешајте го пармезанот, сè добро соединете, па послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text