Посни плескавици од соја: Брзо се прават, а вкусот е одличен

Посни плескавици од соја: Брзо се прават, а вкусот е одличен

Посни плескавици од соја: Брзо се прават, а вкусот е одличен.

Состојки:

  • 150 гр соја снегулки
  • 100 гр сува средина од леб
  • 2 моркови
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 компир
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 200 гр брашно
  • 1 лажица сув зачин
  • 1/2 лажичка бибер
  • масло за пржење

Начин на подготовка:

  1. Снегулките од соја потопете ги во топла вода да набабрат. Средината на лебот навлажнете ја со топла вода. Кромидот, компирот и морковот ситно изрендајте ги, иситнете, па соединете ги со добро исцедената соја и лебот. Додадете зачини и направете еднолична смеса со брашно. Со набрашнети раце формирајте топчиња и малку израмнете со дланка, па пржете во врело масло. Вадете ги плескавиците на хартиена салфета за да го впие вишокот маснотии. Послужете со прилог и салата по желба.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text