Посни ванилици со џем од сливи: Освојуваат на првиот залак

Посни ванилици со џем од сливи: Освојуваат на првиот залак

Посни ванилици со џем од сливи. Брза и едноставна подготовка.

Состојки:

  • 250 гр маргарин
  • 3 кесички пудинг од ванила
  • 200 гр брашно
  • 1 ванилин шеќер
  • 200 гр шеќер во прав, од кој за смесата се одвојуваат 3 лажици, а остатокот се користи за валкање на ванилиците
  • џем по ваш избор

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот се мати со 3 лажици шеќер во прав. Се додава пудингот од ванила и постепено се додава брашното и ванилиниот шеќер. Замесете го тестото кое се развлекува на дебелина од половина сантиметар и вадете форми со калап за ваници. 
  2. Се редат во плех, се печат на 200 степени, но да останат бледо жолти. Кога ќе се испечат, спојте по две со џем и валкајте во шеќер во прав.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text