Маринирани батаци со компир: Ручек кој ќе ве воодушеви

Маринирани батаци со компир: Ручек кој ќе ве воодушеви

Ручек кој ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 2 пилешки батаци без коски
  • 4 лажици соја сос
  • 4 чешниња лук
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 мала главица кромид
  • малку кари
  • бибер
  • сол
  • 1 лажичка мед
  • компир за прилог

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото одвојте го од коски. Во блендер ставете соја сос, маслиново масло, сечкан кромид и лук, кари, бибер и лажичка мед. Добро изблендирајте и ставете преку месото. Оставете во фрижидер 2-3 часа или преку ноќ. 
  2. На малку масло пропржете ги пилешките батаци и посолете. 
  3. Остатокот од маринадата ставете го на компирите и измешајте. Од горе ставете го месото и печете во рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text