Едноставен рецепт за совршена домашна погача

Едноставен рецепт за совршена домашна погача

Едноставен рецепт за совршена домашна погача.

Состојки:

  • 400 мл топла вода
  • 20 гр квасец
  • 750-800 гр брашно
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 30 мл маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. Во топлата вода додадете ги квасецот и шеќерот, убаво измешајте и оставете да се активира. Потоа додадете масло, брашно и сол. Прво додадете 700 гр брашно, па постепено остатокот, бидејќи треба да замесите средно тврдо тесто. Покријте и оставете да одмори. 
  2. На побрашнета површина уште малку обработете го тестото и ставете го во кружен плех обложен со хартија за печење. Пропрскајте со млака вода и посипете го тестото со брашно. 
  3. Засечете ленти на три места со нож и покријте, па оставете уште 15 минути. Се пече во загреана рерна на 220 степени околу 45-50 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text