Меки и сочни кифлички

Меки и сочни кифлички

Меки и сочни кифлички, многу вкусни дури и кога ги правите празни. Тогаш се најдобри со јогурт или кисело млеко, можете да ги јадете наместо леб, а меки се и наредниот ден.

Состојки:

  • 500 гр бело брашно
  • 200 гр ситно пченкарно брашно
  • 7 гр сув квасец (20 гр свеж)
  • 200 мл млеко
  • 100 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 50 гр маргарин

Начин на подготовка:

  1. Измешајте 300 гр бело брашно и 200 гр пченкарно. Додајте сол па во средина направете вдлабнатина и во неа ставете 100 мл млако млеко, квасец, шеќер. Измешајте и оставете квасецот да проработи. Потоа додајте го остатокот од млекото, јогуртот, маслото, јајцето и почнете со месење со постепено додавање бело брашно.
  2. Оставете 30 минути тестото да надојде па премесете. Правете кифлички со саканиот облик и големина. Можете да ги наполните со кечап и сланина или некои други состојки, но можете да ги оставите и празни.
  3. На секоја кифличка ставете парче маргарин и оставете ги 15 минути да отстојат. За тоа време вклучете ја рерната на 200 степени и печете ги кифличките околу 25 минути или додека фино не поруменат.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text