Лазањи со мелено месо

Лазањи со мелено месо

Вакви лазањи се уште не сте пробале!

Состојки:

  • 500 гр кори за лазањи
  • 1 кг мелено месо
  • 150 гр маргарин (путер)
  • 3 лажици концентрат од домати
  • 500 мл павлака за готвење
  • 3 јајца
  • сол
  • бибер
  • зачини
  • 150 гр рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Згответе ги корите по упатството на пакувањето. На путер издинстајте го месото кое претходно сте го посолиле и зачиниле по желба. При крај од динстањето додајте 3 лажици концентрат од домати разреден со малку вода па уште малку продинстајте и тргнете од рингла.
  2. Намастете тепсија со путер, ставете половина од лазањите, па фил од месо, потоа останатите лазањи и залијте со павлака за готвење која сте ја измешале со јајца. На тоа ставете рендан кашкавал. Печете на 190 степени околу 50 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text