Ќофтиња и компирчиња со зачини од рерна

Ќофтиња и компирчиња со зачини од рерна

Ќофтиња и компирчиња со зачини, наредени едно до друго во тепсија, печени во рерна.

Состојки:

  • 300 гр мелено месо
  • млади компирчиња
  • кора од леб
  • 1 мала главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • бибер
  • сол
  • сув зачин
  • црвена пипер
  • листови магдонос
  • 1 јајце
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во меленото месо додајте сечкан кромид, кора од леб потопена во млеко и исцедена, 2 чешниња издробен лук, бибер, малку пипер, сув зачин, малку сол, листови магдонос, јајце па сè заедно добро изедначете со раце.
  2. Компирчињата исчистете ги и измијте ги и во нив додајте масло, пипер, 2 чешниња издробен лук, бибер, сув зачин, листови магдонос и добро измешајте. Редете во намастен плех – ред компирчиња, ред ќофтиња.
  3. За време на печењето мирисите ќе се спојат, а вие ќе добиете едно фантастично јадење во кое ќе ужива целото семејство.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text