Сочни кременадли во бело вино

Сочни кременадли во бело вино

Вкусни и сочни кременадли во бело вино.

Состојки:

  • 8 кременадли
  • 8 поголеми листови зелка
  • 3 лажички сенф
  • 500 гр кромид
  • 3 чешниња лук
  • 8 тенки парчиња сланина Пекабеско
  • 0,5 л супа од коцка
  • 200 мл бело вино
  • сол
  • бибер
  • масло
  • брашно

Начин на подготовка:

  1. Месото малку исчукајте го, посолете го и побиберете го, па извалкајте го во брашно и малку пропржете на врело масло.
  2. Секоја препечена кременадла премачкајте ја со сенф и ставете на претходно издинстаниот кромид.
  3. Свиткајте ја секоја кременадла во лист омекната зелка (можете да користите и сезонска кисела), а на зелката ставете по парче сланина.
  4. Прелијте со маснотијата во која се пржело месото, додајте малку масло или маст и налијте со супа и бело вино.
  5. Поклопете и печете околу еден час на 200 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text