Традиционални малезиски ражничи – „сатај“.
Состојки:
- 400 гр пилешко
- 1 краставица
- 1 главица кромид
- 1 чаша јогурт
Состојки за маринада:
- 4 лажици масло
- 2 чешниња лук
- 2 лажички куркума
- 1 лажичка коријандер во прав
- 1 лажичка чиа во прав
- сок од 1 лимон
- 2 лажички шеќер
Начин на подготовка:
- Исечкајте го месото на коцки.
- Иситнете ги и измешајте ги состојките за маринада. Премачкајте го месото и маринирајте најмалку шест часа или преку ноќ.
- Дрвените стапчиња за ражничи потопете ги во вода па нанижете го месото и испечете на скара.
- Послужете ги ражничите со салата од исечкани краставици и кромид прелиени со јогурт.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо