Ќофтиња од кисела зелка и мелено месо

Ќофтиња од кисела зелка и мелено месо

Со овие пикантни ќофтиња послужете компир пире и уживајте во јадењето…

Состојки:

  • 450 гр мелено месо (најдобро мешано)
  • 1 главица кромид
  • 450 гр кисела зелка, добро исцедена
  • 220 гр крем сирење
  • 2 шолји зачинета презла
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете исечкан кромид и мелено месо додека месото не биде убаво испржено (околу 10 минути). Прженото месо процедете го и оставете го на страна.
  2. Во месото додајте ситно сечкана и процедена кисела зелка. Сè убаво измешајте. Покријте ја смесата и држете ја во фрижидер околу 2 часа.
  3. Во мал сад разматете јајца, а во друг сад ставете презла зачинета по желба.
  4. Од смесата со зелка и мелено месо обликувајте ќофтиња, па извалкајте ги во јајца, па во презла и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.
  5. Печете ги ќофтињата во рерна загреана на 180 степени околу 15 минути, додека убаво не поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text