Крцкав карфиол од рерна

Крцкав карфиол од рерна

Брзо се подготвува, се пече во рерна, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • маслиново масло
  • 30 гр презла
  • 30 гр рендан пармезан
  • 1 карфиол (одвоени цветчиња и тенки дршки)
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 220 степени и во плиток плех ставете хартија за печење или намастете го.
  2. Во една чинија разматете јајца, а во длабока чинија измешајте презла, рендан пармезан, бибер и сол.
  3. Карфиолот извалкајте го во јајца, па во презла, а потоа наредете го во плех и печете дваесетина минути, или додека карфиолот не омекне така што ќе можете да го прободете со вилушка.
  4. На половина од печењето, свртете ги „залаците“ во плехот, така што рамномерно ќе се испечат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text