Вкусни домашни кифли со џем

Вкусни домашни кифли со џем

Вкусно топло тесто со џем…

Состојки:

  • 20 гр квасец
  • 2-3 јајца
  • 100 гр путер
  • 250 гр млако млеко
  • кора од лимон
  • 2 лажици шеќер
  • малку сол
  • 4 лажици џем
  • 100 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Во вангла ставете брашно, додајте квасец. Потоа додајте јајца, омекнат путер, млеко, кора од лимон, суво грозје, шеќер и сол и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне, премесете, па оставете повторно да нарасне. 
  2. Ставете го тестото на маса, па развлечете тенко во круг, со дебелина од околу половина см, па поделете на 4 делови во облик на триаголници. Во секој триаголник ставете џем и свиткајте кифли. Четири кифли наредете во намастен плех, оставете да нараснат,премачкајте со жолчка и печете на 200 степени околу 40 минути. 
  3. Посипете со шеќер во прав и послужете.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text