Грчки рецепт за вкусни ќебапи…
Состојки:
- бајата кифла
- 500 гр мелено месо
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- мајчина душица
- 100 гр фета сирење
- 1 јајце
- 1 лажичка мелен ким
- сол
- бибер
- 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Потопете ја кифлата во вода. Исечкајте кромид и лук. Исечкајте мајчина душица. Фета сирењето исечете го на осум стапчиња.
- Исцедете ја кифлата и изгмечете ја со мелено месо, јајце, лук, кромид, зачини и мајчина душица. Посолете и побиберете.
- Поделете го месото на осум топчиња. Свиткајте го секое парче сирење со месо така што ќе добиете големи ќебапи.
- Премачкајте ги со масло и печете ги на скара.
Добар апетит!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега