Погача со сирење и шунка – идеална за вечера или доручек

Погача со сирење и шунка – идеална за вечера или доручек

Одлично оди со јогурт или кисело млеко…

Состојки:

  • 300-350 гр брашно
  • 1 јајце
  • 20 гр квасец
  • 50 мл масло
  • 150 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 100 гр сирење
  • 1 лажица кисела павлака
  • 150 гр шунка
  • 1 белка

Состојки за премачкување:

  • 1 жолчка
  • сусам
  • крупна сол
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Во сад ставете брашно, додајте надојден квасец со шеќер, јајце, масло, млеко, сол и замесете меко тесто. Покријте да одмори 20 минути. Тепсијата намастете ја или ставете хартија за печење и во неа ставете тесто. Со масни раце притиснете. На средина ставете разматена павлака, сирење и белки и развлечете на средина. Од горе исечкајте шунка. Тестото одвојте го од рабовите на тепсијата, превиткајте и спојте како што е прикажано во видеото. 
  2. Премачкајте го тестото со жолчка и посипете со семки и сол. Оставете да одмори 10 минути. За тоа време загрејте ја рерната на 200 степени и печете околу 40 минути. Кога ќе се испече, покријте ја 20 минути да одмори и пресечете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text