Пита од палачинки и сирење – сочна и вкусна

Пита од палачинки и сирење – сочна и вкусна

Вкусна пита одлична за доручек, ужина или вечера.

Состојки:

  • 300 мл млеко
  • малку сол
  • 2 јајца
  • брашно
  • масло

Состојки за фил:

  • 200 гр сирење
  • 1 јајце
  • 50 гр маслинки

Состојки за прелив:

  • 200 мл кисела павлака
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт
  • малку кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Направете тесто и испечете палачинки. Сирењето изгмечете го, додајте јајце и сечкани маслинки. 
  2. Наредете 3 палачинки една до друга и ставете 3-4 лажици сирење и свиткајте. Свитканите палачинки замотајте ги во круг и наредете во плех. 
  3. Со следните полнети палачинки продолжете го кругот. Разматете павлака, јајце и јогурт, прелијте ги палачинките. Од горе изрендајте малку кашкавал. 
  4. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука

singlepost_text