Сечкано свинско месо со печурки и тестенини

Сечкано свинско месо со печурки и тестенини

Послужете со лесна салата и уживајте!

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 гр печурки
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 400 гр свинско месо
  • 2 лажици сол
  • 400 гр паста
  • сол
  • 250 мл неутрална павлака

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид и лук. Исечкајте печурки на ситно. Тргнете ги игличките од гранчињата рузмарин. Исечкајте го месото на парчиња.
  2. Испржете го месото на масло, извадете го. Во маслото испржете го кромидот, печурките и рузмаринот.
  3. Згответе тестенини по упатството на пакувањето.
  4. Во печурките ставете неутрална павлака и згответе. Додајте и месо, па подгрејте.
  5. Сервирајте со тестенини и украсете по желба со магдонос.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text