Совршен, а лесен оброк – печен карфиол со кашкавал

Совршен, а лесен оброк – печен карфиол со кашкавал

Совршен, а лесен оброк – печен карфиол со кашкавал!

Состојки:

  • 1 кг карфиол
  • 2 јајца
  • 200 гр павлака Пекабела
  • 150 гр кашкавал
  • 2 моркови
  • 1 цвекло
  • сув зачин
  • мајчина душица
  • магдонос

Начин на подготовка:

  1. Карфиолот, морковот и цвеклото обварете ги околу пет минути. Во павлаката додајте две јајца, исечкајте мајчина душица и зачин па сè измешајте. Половина од кашкавалот исечкајте го на ленти па ставете го во карфиолот, само внимавајте карфиолот да не пукне.
  2. Цвеклото излупете го и малку засечете го до средина па во него ставете малку кашкавал. Од горе карфиолот премачкајте го со павлака и изрендајте кашкавал. И морковите и цвеклото прелитјте ги со павлака и преку нив ставете рендан кашкавал.
  3. Печете на 200 степени околу 30 минути убаво да порумени.

Добар апетит!

Повеќе ресепти на Готви.мк:

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

singlepost_text