Чорба со тиквици и компири

Чорба со тиквици и компири

Освежете се со лесна чорба од тиквици…

Состојки:

  • 2 помали тиквици
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 главица кромид
  • 2 лажички зачин
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 1 лажица брашно
  • масло

Начин на подготовка:

  1. На масло и малку вода издинстајте ситно сечкан кромид.
  2. Морковите и компирите исечкајте ги на коцки па додајте ги во кромидот. Ставете сув зачин и сè налијте со вода.
  3. Излупете тиквици и исечкајте ги на коцки па додајте ги во зеленчукот кога ќе биде зготвен до половина. Додајте пипер и измешајте.
  4. Гответе додека тиквиците не омекнат па додајте лажица брашно разматена во малку вода.
  5. Налијте врела вода во зависност од густината која сакате да ја добиете и гответе уште околу 5 минути.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text