Вкусен доручек кој ќе го обожавате.
Состојки:
- 4 јајца
- 300 мл јогурт
- 150 мл масло
- 1 прашок за печиво
- 1 лажичка сол
- 300 гр брашно
- 100 гр гриз
- 300 гр сирење
- малку сусам и ленено семе по желба
Начин на подготовка:
- Разматете јајца па додајте јогурт и масло. Матете уште малку. Додајте прашок за печиво и сол, потоа брашно и гриз. Убаво соединете. Додајте издробено сирење, измешајте.
- Намастете плех па ставете ја смесата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Кувајмо лако“: