Брзи и вкусни плескавици со зачини.
Состојки:
- 3 лажици путер
- иситнет лук и кромид
- 750 гр мелено месо
- магдонос
- мајчина душица
- зачин
- оригано
- концентрат од домати
- сок од лимон
- презла
Начин на подготовка:
- Пропржете кромид, додајте мелено месо и зачини и оставете кратко да се динста па во смесата додајте сок од лимон, концентрат од домати и неколку лажици презла.
- Кога смесата малку ќе се излади, од неа направете плескавици и испечете. Плескавиците послужете ги со црн леб и салата по вкус.
Добар апетит!