Еве како да направите бешамел сос

Еве како да направите бешамел сос

Еве како да направите бешамел сос. Бешамел сосот можете да го користите за разни јадења како пилешко, тестенини, бидејќи дава специфичен вкус.

Состојки:

  • 800 мл млеко
  • 70 гр путер
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1/3 лажичка бибер
  • 1/3 лажичка мускатно оревче во прав

Начин на подготовка:

  1. Ставете млеко да се готви и пред да зоврие тргнете од рингла. Во тава растопете путер и додајте брашно, па гответе константно мешајќи некои 2-3 минути. Потоа додајте млеко и повторно константно мешајте додека сосот малку не згусне. Посолете, побиберете и додајте мускатно оревче и гответе уште неколку минути, константно мешајќи. Сосот треба да биде кремаст.

     

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text