Брауни колач за миг – брзо и вкусно

Брауни колач за миг – брзо и вкусно

Ако не сакате да миете садови, а обожавате вкусни и брзи десерти, тогаш овој рецепт е идеален за вас!

Состојки:

  • 120 мл масло
  • 250 гр шеќер
  • 100 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 големи јајца
  • 2 лажици вода
  • 100 гр исечкано чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во калап ставете шеќер, брашно, какао и сол, па добро измешајте. Додајте јајца и вода и продолжете да мешате со лажица. 
  2. Дел од исечканото чоколадо измешајте во смесата, а остатокот распоредете го по врвот. Печете 25-30 минути. Причекајте малку да се излади и послужете.

Уживајте!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

singlepost_text