Макарони со пилешко, тиквици и моркови

Макарони со пилешко, тиквици и моркови

За ручек подгответе вкусни макарони со зеленчук.

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 300 гр бело пилешко месо
  • 1 тиквица
  • 2-3 моркови
  • 3-4 шери домати
  • бибер
  • сол
  • зачин
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо исечкајте го на коцки и пропржете на масло со сол, зачин и бибер. 
  2. Одвоено згответе тестенини и зеленчук (моркови и тиквици). Кога зеленчукот ќе се излади исечкајте го на коцки, а шери доматите на половини. 
  3. Во длабок сад ставете макарони, зеленчук, пилешко месо, додајте оригано и уште зачини ако е потребно и заедно лесно измешајте. Доколку сакате збогатете го оброкот со мајонез.

Добар апетит!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text