Брз, вкусен и едноставен ручек: Ќофте од мелено месо и печурки

Брз, вкусен и едноставен ручек: Ќофте од мелено месо и печурки

Брз, вкусен и едноставен ручек!

Состојки:

  • 500 гр мелено месо
  • 1 лажица црвена пипер
  • 1 главица кромид
  • 150 гр шампињони
  • 200 мл павлака за готвење
  • мешавина од сув билен зачин
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измешајте мелено месо со црвена пипер, посолете и добро соединете. Обликувајте 8 ќофтиња и наредете ги во намастен плех.
  2. Кромидот и шампињоните исечкајте ги па распоредете ги помеѓу ќофтињата.
  3. Во павлаката за готвење додајте бибер и мешавина од сув билен зачин па прелијте ги ќофтињата. Покријте со алу-фолија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути, а потоа тргнете ја фолијата и печете уште 10 минути.

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

singlepost_text