Вкусна пита од стар леб и колбаси

Вкусна пита од стар леб и колбаси

Еве како да го искористите стариот леб.

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • 2 јајца
  • 600 мл млеко
  • 400 мл јогурт
  • 2 лажици сирење
  • сусам
  • сол
  • бибер
  • босилек
  • магдонос
  • оригано
  • маслиново масло
  • 300 гр колбас или чадена сланина Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечкајте го на коцки и прелијте го со млеко и јогурт, па додајте сирење и оставете околу 20 минути лебот да ги впие состојките. Потоа додајте разматени јајца, зачини и на коцки исечкан колбас или сланина. 
  2. Смесата излејте ја во плех обложен со хартија за печење и пропрскан со неколку капки маслиново масло. Од горе посипете со сусам и повторно пропрскајте со маслиново масло. Печете 20-30 минути на 220 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text