Вкусни ловечки шницли со печурки.
Состојки:
- 3 шницли по избор
- 200 гр шампињони
- 200 мл бело вино
- 300 мл вода
- 2 лажици брашно
- 3 чешниња лук
- бибер
- сол
- листови магдонос
- масло
Начин на подготовка:
- Исчукајте ги шницлите, па пржете ги лесно околу 20 минути, извадете ги од тава, па во истата тава ставете брашно и издробен лук. Пржете, па додајте 200 мл бело вино и 200 мл вода.
- Додајте сечкани шампињони, сол, бибер и вратете ги шницлите во тава да крчкаат со шампињоните.
- Поклопете. Крчкајте на тивок оган да зоврие сосот, но да не остане многу густ. Пред крај додајте сечкан магдонос.
Добар апетит!