Вкусна туршија по оригинален рецепт

Вкусна туршија по оригинален рецепт

Вкусна туршија по оригинален рецепт.

Состојки:

  • 5 кг пиперки
  • 1 карфиол
  • 1 кг краставици
  • 2 моркови
  • 1 кисело јаболко
  • 200 гр лути пиперчиња
  • 150 гр сол
  • 120 гр есенција
  • 5 гр конзерванс
  • 10 гр винобран
  • ловоров лист
  • бибер во зрно
  • 4 л вода

Начин на подготовка:

  1. Сè добро измијте и исчистете па наредете во големи тегли наизменично, мешајте и редете. Притиснете со пластични притискачи.
  2. Во водата ставете сол, есенција, бибер и ловор, па налијте во теглите и затворајте со капачиња. Погледнете ја туршијата после два дена, ако е потребно долијте уште малку раствор.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text