Освежувачки ледени коцки со праски

Освежувачки ледени коцки со праски

Неодолив овошен колач – вистинско летно освежување…

Состојки:

  • 200 гр пишкоти
  • 200 мл млеко

За фил:

  • 500 мл слатка павлака
  • 100 гр шеќер во прав
  • 200 гр праски

За декорација:

  • 300 гр праски
  • 250 мл ладна вода
  • 15 гр желатин

Начин на подготовка:

  1. Потопете ги пишкотите во млеко и наредете ги во огноотпорен сад. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па додајте ги ситно сечканите праски кои претходно сте ги излупиле. Со филот прелијте ги бисквитите. Одозгора наредете ги исечените праски.

     

  2. Желатинот измешајте го со вода и оставете го да набабри 15 минути. Се топи на пареа и се прелива преку овошјето. Оставете во фрижидер околу 3 часа.

Уживајте!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text