Сочни и вкусни макарони со мелено месо

Сочни и вкусни макарони со мелено месо

Сочни и вкусни макарони од рерна. Ручек со само 300 гр месо за целото семејство.

Состојки:

  • 500 гр макарони
  • 300 гр мелено месо
  • 1 морков
  • 200 гр кромид
  • 100 мл масло
  • 200 мл вода
  • 150 мл домати пелати
  • сол
  • бибер
  • зачин
  • кашкавал по желба
  • кругови домати

Начин на подготовка:

  1. Макароните обварете ги во солена вода, не мора да бидат до крај обварени.
  2. Издинстајте кромид и морков на масло. Додајте мелено месо, вода, зачини и крчкајте околу 10 минути. Додајте домати пелати или варени домати.
  3. Во тепсијата редете ред макарони, фил, макарони, фил. Изрендајте кашкавал и наредете кругови домати.
  4. Печете во рерна на 220 степени околу 35 минути.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

 

singlepost_text